Почина писателот Мето Јовановски

0
1175

Мето Јовановски, македонски раскажувач и романсиер, почина вчера на 88-годишна возраст.

Јовановски беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и беше прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Тој е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици.

Мето Јовановски ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино.