ПОЦ И ОПШТИНА ЦЕНТАР ПРЕКУ ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЌЕ ГИ УЧАТ ЦЕНТАРЦИ КАКО ДА ПАРКИРААТ

0
1085

ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со СВР Скопје од денеска започнуваат со едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Паркирај совесно!“, која ќе биде насочена кон подигање на сообраќајната свест и култура на повисоко ниво, зголемување на одговорноста кај возачите и укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.

За таа цел, во наредните 2 месеци, ќе се емитуваат 8 едукативни видеа со јасни пораки кои ќе придонесат да се изгради совесност за одговорно учество во сообраќајот и ќе ги потенцираат местата на кои возачите не смеат да запрат или да го паркираат своето возило.

Еднаш неделно ќе се објавува по едно едукативно видео на неколку национални телевизии, македонски интернет портали и на социјалните мрежи. Следствено на тоа, а имајќи го во предвид влијанието на Вашиот медиум, Ви го доставуваме овој предлог за вклучување во кампањата за заеднички да придонесеме кон подигање на сообраќајната свест и одговорноста кај сите учесници во сообраќајот и да придвижиме една нова димензија и почитување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

ЈП Паркинзи на Општина Центар смета дека постојаното укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, а сето тоа преку континуираните кампањи и едукација на долг рок ќе придонесат да се изгради свесност за одговорно учество во сообраќајот од страна на сите учесници во сообраќајот.

Во таа насока, доколку сметате дека е целисходно и со тоа би се остварила целта да се испрати порака за правилно учество во сообраќајот до сите негови учесници, би можеле да излезете во пресрет и да отстапите рекламен банер којшто ќе се објавува во Вашиот медиум, кој ќе упатува на подигнување на свесноста во сообраќајот, а кој ќе биде со форма и големина која Вие ќе ја определите.

Банерот ќе биде изготвен од страна на ЈП ПОЦ. За подобар ефект на кампањата, предвидено е и континуирано објавување на ПР текстови во кои ќе се пишува на теми поврзани со безбедноста во сообраќајот, сообраќајната култура и совест на сите учесници. ПР текстовите ќе бидат креирани од страна на ЈП ПОЦ. Ве молиме да не контактирате, доколку сте заинтересирани да ни се прклучите во кампањата. Се надеваме на успешна соработка.

Со почит, Одделение за односи со јавност ЈП Паркинзи на Општина Центар