ПОСТИЗБОРНА АНАЛИЗА на Ѓорѓи Спасов: Зошто СДСМ мора да формира влада?

0
1652

Пишува: Ѓорѓи СПАСОВ

Ако одржувањето предвремени парламентарни избори во Македонија беше условот за да се надминат причините за длабоката политичка криза, тогаш клучното прашање по нив гласи: кои беа причините за кризата, по „големата“ победа на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ на изборите во 2014 година, и кој што нуди денес за таа да биде надмината.

Коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на избори излегоа со сосема различни оценки за тоа што ја создаде политичката криза во Македонија. А повеќето од нивните разлики може да бидат собрани во пет точки:

Прво, Победниците на тие избори во 2014 година тврдеа дека победиле и дека се дотогаш победувале исклучително на фер избори, без злоупотреби на власта, без застрашување на опозициските гласачи, без изборна корупција, без монопол врз клучните медиуми и без систематско оцрнување на опозицијата и нејзино оневозможување да се организира и да делува.

Целата причина за немоќта на опозицијата ја гледаа во тоа што опозицијата немала програма, немала идеи, била деструктивна, но и за разлика од партиите на власт „не водела доволно сметка за државните и за националните интереси“.

За разлика од нив, СДСМ и коалиционите партнери одлучија да не ги признаат таквите избори. Ги вратија добиените мандати и поведоа битка за докажување на изборниот фалсификат на власта, за разобличување на методите со кои опозицијата е оневозможувана да делува слободно, укажуваа на потребата од одвојување на партијата од државата, на грубата корупција врз медиумите и воспоставувањето монопол врз нив и говореа за неопходноста од независно судство како елементарен услов за заштита на човековите права во земјата.

Опозицијата не прифати да биде само украс во една диктатура, и побара интервенција од ЕУ и од САД да извршат притисок врз власта за создавање елементарни услови за изразување на слободната политичка волја на граѓаните на изборите.

Целата анализа може да ја прочитате ОВДЕ