Порно ѕвездите ги откриваат тајните на својот занает

0
2920

Еден од корисниците на “Reddit” им постави прашање на порно ѕвездите и продуцентите што е она што гледачите на порно филмовите навистина не го знаат? На тоа прашање доби повеќе од 3.000 одговори, но ќе ви издвоиме некои од најинтересните.

Интригантни одговори стигнаа од Келвин Дехејз, поранешен продуцент на филмови за возрасни кој сподели некои од митовите кои се однесуваат на порно индустријата.

Screenshot_8

Тој откри дека ѕвездите кои глумат во геј порно филмови најчесто се хетеросексуалци, но и дека жените “во најголем број случаи глумат оргазми пред камерите. Пробувавме дури и на снимањето да донесеме парови или пријатели кои веќе биле интимни, за да снимиме вистински оргазам”.

Друг корисник откри дека не се само актерките тие кои го лажираат врвот на задоволството, туку дека тоа го прават и мажите, па продуцентите често се тука за да им помогнат со совети да го одглумат што пореалниот оргазам.

Продуцентот на порно филмови откри дека во оваа работа жените главно се подобро платени: “Еве да речеме во 2003 година девојка можеше да заработи 2.500 долари за секс сцена, во зависност од тоа што прави, а мажите за истата работа заработуваа околу 500 долари”.

Дехејз вели дека порно филмовите немаат јасно дефинирано сценарио, односно дека порно актерите често импровизираат.

Актерката Ела Дарлинг се вклучи во овие коментари, бидејќи не сака луѓето да веруваат дека порно ѕвездите имаат сексуално преносливи болести: “Подлежиме на редовни тестирања на сексуално преносливи болести – на секои две недели”.