Поранешниот модел Стоиловска во одбрана на Камчев: Не ми го задевајте Орце!

0
1215

Билјана Стоиловска, поранешен модел и девојка која што своевремено беше заштитно лице на повеќе модни брендови во соседна Србија, го крена својот глас во одбрана на бизнисменот Орце Камчев (46), најбогатиот човек во Македонија според листата на ,,Форбс“, но и близок до владејачката структура.

Таа вели дека Орце најчесто бил на мета на јавни напади поради тоа што луѓето му завидувале на менаџерските способности, и верува дека речиси секој човек во земјава би сакал да биде на негово место.

,,Можам од се срце да им порачам на сите кои што имаат нешто против Камчев – не ми го задевајте Орце! Јас со него се знам веќе 19 години, се познавам и со неговата сопруга. Гледам дека во јавноста во изминатиот период постојано е на мета на напади, но од моја, женска гледна точка ќе ви кажам дека тоа е првично од завист. Тој е неверојатно успешен бизнисмен, а кај нас успешните секогаш се критикуваат. Сигурна сум дека кога не би бил оженет, дефинитивно дека цела армија од моми би сакале да станат негови сопруги. Нема што да кријам, еве и јас лично за сопруг посакувам личност токму како него! Како што реков, пред 19 години го запознав, еден ден ме повика наш заеднички пријател бидејќи требаше да правиме фотосесија за „Орка“, поточно за патики, па требаше да разговараме за деталите. Јас бев воодушевена од неговиот изглед, иако Орце тогаш беше многу млад, сепак неговиот стил уште тогаш беше уникатен, беше облечен во кафеав костим со пура во рака… Со оглед на тоа што тој тогаш беше во брак, јас воздивнав длабоко во себе и си реков ,,Оф Боже, колку е интелегентен и посебен овој човек! Ако еден ден се омажам, би сакала сопруг токму како него!“ – вели за „Фокус“ триесет и петгодишната скопјанка.

Целиот текст ОВДЕ