Поранешниот директор на УБК, Горан Митевски: Ексел-табелите го откриваат „печатот“ на УБК во прислушкувањето

0
1779

grujo1-540x304

Табелите исти како во 2001 година

Горан Митевски, поранешен директор наУБК, во доказите презентирани од опозицијата ги препознава обрасците за работа на службата.

„Ексел-табелите кои беа објавени на прес-конференцијата на СДСМ, се истите табели кои се користеа од страна на Управата за оперативна техника во 2001 година. Тие табели немаат назнака строго доверливо и можат да се користат како круцијален доказ дека МВР нелегално прислушувало. Самиот факт дека има околу 10.000 страници таков материјал ја покажува масовноста на опфатот на прислушувани граѓани во текот на повеќе од четири години. Најголем дел од презентираните разговори се поврзани со преговорите со опозицијата околу начинот на контролата на парламентарната комисија за следење на работата на УБК и АР. Самите разговори покажуваат колкав е ‘демократскиот капацитет’ на министерката за внатрешни работи и директорот на УБК, но и на претседателот на Собранието. Овие разговори претставуваат уште еден доказ за нефункционирање на поделбата на извршната и законодавната власт“, вели Митевски.

На листата презентирана од опозицијата, за лица чии комуникации наводно биле следени, се наоѓа и името на Есад Рахиќ, под кодно име „НДС Расад“. Апсурдот е во тоа што токму Рахиќ е поранешен член и претседател на парламентарната Комисија за надзор врз работата на УБК.

„Во периодот од 2002 до 2006 година бев член на таа комисија и под водство на г-дин Ефтим Манев од ВМРО-ДПМНЕ направивме неколку посети на подрачни единици на службата низ Македонија. Меѓутоа, никогаш не прозборевме за прислушкувањето. Можеби поради настаните во 2001 година. Можеби и поради фактот што г-дин Манев беше заменик претседател на г-дин Љубе Бошковски, а тогаш постоеше перманентен судир помеѓу двете партии – ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна. Во периодот од 2006 до 2008 година, кога јас бев претседател на истата Комисија, и покрај бројните седници, никогаш го немавме задоволството да го видиме г-дин Мијалков да поднесе извештај за работата на крајот на годината, а ни во сон не можевме да се доближиме ни до капијата на УБК. Како претседател на Комисијата имав пратено барање за посета на УБК, меѓутоа на тоа писмо никогаш не беше одговорено позитивно“, објаснува за Радио Дојче Веле Есад Рахич.

Целиот текст прочитајте го тука.