„Порака во сино“ од Зоран Заев: Бидете на страната на лицата со аутизам, 365 дена во годината

0
1190

По повод 2. април – Светскиот ден на аутизмот, упатувам порака до сите чинители на нашата заедница, да ги ползуваат своите човечки особености и вредности, во функција на вклучување на лицата со аутизам во нормалните текови на живеење. Тие лица имаат еднакви права со сите нас и како такви заслужуваат рамноправен третман од сите поединци и институции во нашата општина, вели Зоран Заев.

Со целосно разбирање за нив и нивниот „свет” во кој живеат, со овозможување соодветно воспитување и образование и со излегување во пресрет на сите нивни барања и потреби, ќе сториме многу за нив.

Струмица како прва Општина во државата која со конкретни проекти им подаде рака за помош на децата со аутизам и понатаму продолжува да биде верна на своите заложби за нивен подобар живот.

Дајте го својот придонес во активното одбележување на овој ден, но бидете на страната на лицата со аутизам, 365 дена во годината.