ПОРАДИ СТРАВ ОД БЕГСТВО, ЌОСЕТО КОЕ ШТО ГО КЛОЦАШЕ ЗАЕВ ПО СТОМАК НА 27-МИ АПРИЛ, ЈАНЕ ЧЕНТО ПРЕФРЛЕН ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ВО ШУТКА

0
2061

Приведен Јане Ченто, еден од осомничените за 27 април

Утринава, нешто пред 10 часот повторно е приведен Јане Ченто, внук на Методија Андонов Ченто, од неговиот дом каде на 21. февруари беше префрлен во куќен притвор согласно одлуката на Апелација.

Пред куќата на Ченто имало силно полициско присуство, а полицајците не дале никакво образложение.

Ченто ќе биде префрлен во истражниот затвор „Шутка“.

Се очекува Кривичниот суд да даде официјална информација за повторното приведување.

Според обвинението, на 27 април Ченто добил повик од Александар Василевски – Нинџа веднаш по повикот од Виена и заедно со обвинетите Игор Југ, Маден Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски го мобилизирале членството за да влезат во Собранието.

Според доказите и главниот заштитен сведок, Јане Ченто е еден од главните организатори на упадот во собранието и имал намера да го ликвидира Зоран Заев при што и му нанел неколку удари во стомакот. Планот било Игор Југ да пука а Жабата од Прилеп да го дотепа со удари по главаа.

Веројатно поради страв од бегство откако беше обзнането обвинението, МВР и ОЈО сакаат да превенираат главниот осомничен на кој му се заканува казна затвор од над 30 години, да не избега од државата.