ПОРАДИ ЖРТВИТЕ ВО ТЕШКАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД ПМФЛ ЌЕ ЗАПОЧНАТ СО ЕДНОМИНУТНО МОЛЧЕЊЕ

0
1186

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека пред почетокот на сите натпревари в недела, во првото пролетно коло од Првата македонска фудбалска лига, ќе има едноминутно молчење во чест на настраданите од стравотната несреќа која се случи синоќа кај Карпалак.

Комплетната македонска спортска јавност жали за трагичниот настан, во кој животот го загуби и млад кошаркар на КК Гостивар, а МКФ веќе потврди дека од овие причини го одложува и одржувањето на завршниот турнир во Купот на Македонија, закажан за викендов.