Поради „верноста до смрт“ на Мендух Тачи кон Сашо Мијалков, ДПА ќе биде наградена со влегување во Владата!?

0
1122

Дали ДПА на на Мендух Тачи во скоро време ќе стане нов коалициски партнер на Груевски?

taci_dpa

Ова како што дознава „Утрински весник“ од свои извори, може да се случи во скоро време Деновиве, објави весникот, се воделе интензивни преговори меѓу првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА кои финиширале со договор ДПА да добие позиции во Владата и во некои од државните институции.

„Договорот за коалицирање би можел да биде објавен веќе на почетокот на идната недела. Според она што се дознава, целта на проширувањето на владината коалиција е да се осигура стабилно двотретинско мнозинство за некои идни владини проекти“, објави „Утрински весник“.