ПОРАДИ ВАКВИ СПОРТИСТИ КОИ ШИТКААТ ПОЛИТИКА КАЈ СТИГНАТ НИ СЕ СМЕАТ ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ А МЛАДИТЕ РАКОМЕТАРИ И СПОРТИСТИ ЗЕМААТ ЛОШ ПРИМЕР : РАКОМЕТНАТА ЛЕГЕНДА БОРКО РИСТОВСКИ НА ПОДГОТОВКИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА ЈА ПРЕШКРТАЛ РЕФЕРЕНЦАТА СЕВЕРНА!

0
1755

Поради вакви спортисти на државата не и иде и поради вакви кои ја шиткаат политиката каде не и е место на Македонија и на македонските репрезентативци во фудбал и ракомет но и во други спортски дисциплини и се смеат во меѓународната спортска јавност.

Во моментот Ракометната репрезентација на Македонија се наоѓа во Словенија на припреми за претстојното Европско првенство кое започнува на 9-ти јануари. Додека од друга страна македонскиот интернационалец Борко Ристовски ја прешкртал буквата N како Северна Македонија со што ја става политиката во преден план пред успехот на ракометната селекција.

Од друга страна досега ги немаше никаде да прешкртаат референца на БЈРМ, што е далеку полошо од Република Северна Македонија каде државата има меѓународни кодови како МК и МКД. Многу лош пример за младите ракометари дава македонскиот интернационалец Борко Ристовски кој треба да служи за пример и углед во македонската ракометна селекција.