ПОПУЛИЗАМ И РЕНЕСАНСА

0
1738

ЕЛС Општина Прилеп и Градоначалникот Марјан Ристески денес ја објавија Програмата за одбележување на националниот празник 11-ти Октомври, 2015-та година, и во истата за ден 10-ти Октомври сабота со почеток во 13,30 часот е предвидено поставување на камен темелник на нова зграда на „Кеј 9-ти Септември„ (Стар суд за прекршоци).

Арно ама, инвеститорите ДОО Инженеринг Теракота Прилеп и ДПТУ ДМ-ОИЛ ДООЕЛ Струмица немаат обезбедено одобрение за градба.

12086991_1123384157672053_52196984_n

12077409_1123384344338701_1378962551_n

И сега се поставува прашањето, дали Градоначалникот Марјан Ристески, утре ќе учествува во поставување на камен темелник на „дива градба„ или треба да претпоставиме дека одобрението е дадено усмено. Кој и да е вистинскиот одговор, нема да не одмине впечатокот дека за оваа локална власт битно е дневната агендата на Градоначалникот да биде исполнета со „популизам„.

Пишува : адвокат Жарко Стеваноски