Полицаец уби возач во Свети Николе

0
1916

Маж на возраст од околу 30 години е убиен синоќа во непосредна близина на филијалата на Стопанска банка во Свети Николе. Во него пукал полицаец кој бил на должност. Тој пукал со службениот пиштол во самоодбрана, тврди Јавното обвинителство.

1837mala

Полицијата од Штип накратко извести дека се истражуваат сите аспекти за убиството, а по наредба на јавниот обвинител ќе бидат земени и снимките од безбедносните камери од банката за да се провери дали може да им помогнат на истражителите во целосно расчистување на трагедијата.

Основното јавно обвинителствоизвести дека полицаецот на должност забележал возило „лада“ која се движела со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „ладата“ нервозен од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал да го навредува.

Полицаецот им се доближил и ги одвоил двајцата, па го легитимирал возачот на патничкото возило кој пак давал отпор и започнал со тегнење и буткање да се спротиставува на службеното лице. Потоа возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот.

Возачот на „ладата“ е триесет годишен жител на Свети Николе кој сакал во еден момент да го прегази полицаецот. Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и му нанел огнострелна рана, од која возачот веднаш умрел.