Полицаецот кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ добил дисциплинска!

0
1392

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два месеца постапувал во случајот со приведувањето на актерката Ирена Ристиќ, потврдуваат од МВР за „Макфакс“. Претставката до одделот за внатрешна контрола ја поднел Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Од полицијата потврдуваат дека иако Ристиќ не давала отпор, полицаецот употребил физичка сила. Освен тоа, од извршените проверки, увидот во видео материјалот и во службената документација службите во МВР констатирале дека не е испочитувана стандардната оперативна процедура за постапување со лица на кои им е ограничено правото на слобода на движење, со неоправдано присуство на полициски службеници во просторијата за разговор со задржани лица.

Линк до сторијата, ОВДЕ.