Политичкиот мртовец, Црни Грујо, прдна на Твитер, и тоа на англиски: Народот на Македонија одлучува за нејзината иднина

0
978

gruevski9-540x296

По денешното директно посчување од страна на амбасадорите на ЕУ и САД како директен виновник за опструкцијата на преговрите, изгледа Груевски одлучил да не ја послуша меѓународната заедница и да не го исполни својот дел од договорот.

Тоа го најави уште во петокот вечерта на прославата за 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, непосредно пред средбата со амбасадорите во владата.

– На изборите на 24. април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба. Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми – рече Груевски.

gr twit

Токму овој говор, но преведен на англиски јазик, е објавен на страницата на владата, и беше споделен на Твитер профилот на премиерот Груевски попладнево, во 16:41 часот, на еден час по дадената изјава од амабасадорите од пред зградата на владата.

Се чини дека Груевски сакал и на англиски јазик, уште еднаш да им појасни на амбасадорите и ЕУ и САД, дека не планира да го испочитува договореното, односно дека се спрема за очекуваните мерки на меѓународната, меѓу кои прва веројатно би била одземањето на препораката за почеток на преговори со ЕУ. Сепак, Груевски и ова го опфати во говорот.

– Губење на препораката за членство во ЕУ народот нема да го доживее како нешто трагично – рече Груевски.

Деновиве беа објавени и информации дека Груевски планира протести против опозицијата и меѓународната заедница.