ПОЛАРНИ ТЕМПЕРАТУРИ ОВАА НОЌ И УТРЕ ИЗУТРИНА – ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ УБАВО

0
1065

Во текот на вечерните часови како и во текот на претстојната ноќ кон утрешниот ден (петок) облачноста која ја има над Македонија насекаде ќе се намали со што температурите значително ќе опаднат и на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.

Територијата на Македонија и понатаму е под влијание на МНОГУ СТУДЕНА но сува воздушна маса која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континет и со себе носи МНОГУ НИСКИ температури на воздухот.

meteomax1

Во текот на вечерните часови и понатаму ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец додека во текот на ноќта кон утрешниот ден ветерот ќе биде претежно слаб.

Утре наутро температурите ќе се спуштат во интервал од -17 до -5 степени додека на некои места особено на оние повисоките и на планините не се исклучува можноста истите да паднат до околу -20 степени.

Во Скопскиот регион во текот на претстојната ноќ температурата се очекува да се спушти до околу -13 степени а не се исклучува истата да биде и нешто пониска.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!