Поддршка на СЈО и предупредување за опструкциите

0
838

Комитетот за заштита на правата ја искажува својата јавна поддршка на Специјалното јавно обвинителство кое започна да воспоставува стварна надлежност врз неколку судски предмети. Истовремено Комитетот со огорченост реагира и протестира против опструкциите и несоработката на некои институции со СЈО.

Специјалното јавно обвинителство согласно законот кој ја регулира неговата работа има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Обидите за поткопување на автономијата во работењето на Специјалното јавно обвинителство, од страна на поединци од Советот на јавни обвинители го повредува владеењето на правото и заштитата на слободите и правата на граѓаните гарантирани со Уставот на РМ, многубројните ратификувани конвенции и домашни закони. Во оваа смисла секој притисок и обид за опструкција добива противправен карактер! Овие и други опструкции и провокации, за голема жал, придонесуваат за продлабочување на вкупната криза во општеството и за можни дестабилизации. Граѓаните суверено и недвосмислено, очекуваат и бараат, институциите редовно да постапуваат законски и веднаш да се корегираат таму каде што направиле пропуст.

Комитетот потенцираат дека опструкциите предизвукуваат голема огорченост и дополнителни трауми во семејствата на судените во политички монтираните случаи. Комитетот уште еднаш повикува на враќање на нормалноста во општетсвото, за неселективноста на правдата и за еднаквоста пред законите. Комитетот повикува и недвосмислено бара почитување на уставните и законските гаранции за слободите и правата на граѓанинот наспроти насилието на привилегирани групи и поединци кои секогаш го следат својот личен интерес преку злоупотреба на државните институции.

Комитетот ја поздравува работата на институциите кои соработуваат со СЈО како пример за почитување на законите и како показател дека тешката политичка, правна и морална кризата во земјата може да се преброди.

Комитетот укажува дека секој ден практикување неправда е пропуштање на шансата за консолидирање на правосудството и заемјата во целина.

 

 

Комитет за заштита на правата

Ване  Цветанов