Поддршка за адвокатот Жарко Стеваноски

0
1369

Регионалниот штаб 4/2 на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија му изразува целосна поддршка на адвокатот Жарко Стеваноски, кого прилепската полиција во два наврата го повика на информативен разговор.

Стеваноски беше повикан за наводно сторен прекршок спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, заради што му се одредени 8 казни чија вкупна сума изнесува 2.400 евра.

Членовите на нашиот штаб му изразуваат безрезервна поддршка на нашиот сограѓанин Жарко Стеваноски, кој во последниот период се наоѓа под силен притисок на режимот. Надвор од законот, кршејќи ги сите демократски начела за слободата на говорот и правото на изразување протест, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се обидуваат да го заплашат Стеваноски со намера да се откаже од практикувањето на граѓанскиот активизам. Меѓутоа не само што тоа нема да им успее, туку убедени сме дека сѐ посилната и помасовна неформална коалиција на опозициските партии и граѓанските организации, на првите следни избори ќе го срушат режимот“, изјави Тони Петрески, координатор на Регионалниот штаб 4/2 на СДСМ.

Извор : РеволуционерМк