Погребани загинатите полицајци од Полошко

0
905

Попладнево беа погребани тројцата припадници на полицијата од полошкиот регион, кои загинаа во вооружената престрелка во кумановската Дива Населба, јави агенцијата Мета.

slika-pogreeb

На градските гробишта во Тетово со државни и воени почести беше погребан 32-годишниот полицаец Сашо Самојловски од Тетово. На гробиштата во Брвеница, роднини, колеги и пријатели се простија од 32-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, а во гостивараското село Зубовце, беше погребан и 28-годишниот Ненад Серафимовски.

Во погребните поворки беа голем број граѓани, а присутни беа и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, директорот на УБК Сашо Мијалков, директорот на БЈБ, Митко Чавков и припадници на специјални единици.