Погребален конгрес

0
1232

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес кој може да послужи како феномен невиден со очи и нечуен со уши. Нејзиниот лидер како прв одговорен за сите големи несреќи овие 10 години, повторно бара мандат. Оти во континуитет победувал, а и “успешно“ ја водел државата!!!mersel-bilali

Само кај нас е можно човек што нарачувал “шамари“, што уривал системи, што рушел судбини, што договарал грабежи од астрономски размери, и што државата ја вратил цели 20 години назад – да бара уште доверба, веројатно со цел да не води и во други непосетени пеколи! Но, тоа во случајот и не е најголемиот апсурд, оти додека има овци ќе има и стрижачи.
Поголемата трегедија е што ниту еден од делегатите не смогнал сили барем во нијанси да укаже дека тоа што е направено досега е поблиску до библискиот потоп, отколку до елементарна нормалност. Цело време не убедуваа да бидеме спокојни, а сме на пат да станеме покојни. Ниеден не укажа дека со градење скапи лажни пирамиди, општесвото ни е претворено во пирамидално!!! Пирамидална администрација, пирамидално судство, пирамидални медиуми, пирамидално задолжување, пирамидални инвестиции, пирамидално здравство, пирамидално образование, пирамидален криминал – а фараонот бара нов мандат.
Извор : Либертас ОВДЕ
Мерсел Биљали – аналитичар