ПЛОШТАД “МАКЕДОНИЈА“ – анимирана видео серија, нова поетика на интернет страниците

0
2241

Група на уметници од разни области, се одважи на еден пионирски зафат.

Секоја недела да ви нуди софистицирана сатира, фарсичен осврт на сето она што ни се случуваше а на што мора постојано да се потсетуваме, за да не се заборави и да стане нужен дел од колективната меморија на граѓаните на Р, Македонија. Но планираме, уште повеке да ги вреднуваме и превреднуваме настаните кои не очекуваат во иднина…

Ова пред се ке биде уникатен уметнички израз , ретко виден дури и во Европски рамки. Значи од тој аспект ќе ви понудиме – квалитетен, светски, производ!

Мислиме дека ќе успееме да ве насмееме, но и да ве замислиме, да ве “отвориме“, и да се обидеме да апелираме на вашата граѓанска свест и пред се одговорност, и тоа одговорност кон сопстверната и сеопштата слобода, демократија, спротиставување на секаков облик на дискриминација и шовинизам, и билдање на сопствената граѓанската самосвест!

На крај да ви соопштам дека се работи за серијал од специфични анимирани филмови ( видеа ), кои во серија, почнувајки од денес, секоја нова седмица ќе ви биде понудена нова епизода т.е. ново анимирано видео. И така секоја недела, во наредните пет до шест месеци!

Но амбициозната авторска екипа, реши да не се задржи само на овој примарен и секако централен производ, туку секоја недела ке ве изненадува со колажи, кратки сатирични приказни, гифтови и се што ќе мислиме дека ви недостига и сакате да го видите.

Секако постои можност овој проект да не заврши по 5 месеци. Тоа веке ќе зависи од вас.  За жал -Нашиот буџет е тенок и лимитиран на максимум толкав период… но тоа не значи дека ако ви се допаднеме, нема да моеже да се изнајде начинанимираните видеа, и сите други уметнички изрази на современото интернет време, да може да се изнајде начин тие да продолжат – Па во таа смисла, расположени сме и отворени кон секој кој сака да ни помогне во било која смисла – Околу споделување, шерување, споделување на нивните портали, особено за соработка со интернет телевизии. Особено би билер благодарни кон секаков вид на спонзорство или помош, со што директно ке бидете вклучени во сите најави, одјави, и дискусии околу проектот. А ке помогнете кон подигање на квалитетот на делото и продолжување на неговиот живот ( ако по 5 месеци сакате да постоиме и понатаму .)

Ви посакувам, добродојде, на сите Вас – драги пријатели – на нашата ФБ станица,  ФАН страна, на нашиот YouTube – канал, и во секој портал, во секоја група, на секое место кај што ке не видите на интернет.

На проектот – ПЛОШТАД –“МАКЕДОНИЈА“ : Во мометот комплетно му се посветени и го даваат својот креативен максимум:

Југо – идеа, сценарио, режија.

Џоле – анимација, соработка на режија и идеи

Синхронизација : Миа