ПИСМО НА ЧИТАТЕЛ : ИЗЈАВАТА НА БОЈКО БОРИСОВ Е ПОГРЕШНО ПРЕНЕСЕНА ОД СИТЕ МАКЕДОНСКИ МЕДИУМИ!!!

0
1205

Изјавата на Борисов е погрешно пренесена од сите медиуми, не паѓај на тоа.

Првиот дел каде зборува за Гоце Делчев, комисијата и она ‘нека зреат’ зборува
за опозицијата во Бугарија. На нив им порачува да созреат и да престанат да се
занимаваат со теми дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец и постојано
да прашуваат за комисијата. Сака да им каже оставете ја комисијата да си
работи. Никогаш никаде не рекол дека ја блокирал или дека ќе ја блокира
Македонија.
Ние во Македонија мислиме дека така од уво разбираме бугарски, ама вака
многу често погрешно се разбираме со Бугарите. Стојам на располагање за
превод во вакви случаи. Бесплатно. Поготово кога се работи за вакви ситуации
да се спречи не потребна хистерија и влошување на односите.
Поздрав.