Пет фирми на Ѕинго добивале тендери за чистење на канали?

0
1343

За пет години, Министерството за земјоделство потрошило околу 3,5 милиони евра за чистење на канали. Парите завршиле на сметките на приватни фирми, а според обвинувањата од опозицијата дел од нив се на сметките на фирмите што се дел од групацијата на лидерот на Социјалистичката партија, партија што раководи со министерството, пишува „Фактор“.

Официјалните податоци, добиени од Министерството за земјоделство покажуваат дека најмногу пари за оваа намена се потрошени во 2014 година, а најмалку во 2011 година.

Односно, вредноста на склучените договори во 2010 година изнесувала 309 илјади евра, во 2011 година сумата е 81 илјади евра, во 2012 година за оваа намена се потрошени 427 илјади евра, во 2013 година се склучени договори вредни 656 илјади евра, во 2014 година сумата изнесува 1,6 милиони евра, а во 2015 година е 352,1 илјади евра.

Од оваа година, договорите за чистење на каналите ги склучува АД Водостопанство на РМ.

Целата сторија ОВДЕ