Петстотини илјади евра помош од Австрија за Македонија

0
1049

Австрија ќе додели помош од 500.000 евра помош на Македонија по поплавите од Фондот за елементарни непогоди во странство, соопштено е денеска во Виена.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.

Средствата треба да да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.

– Се подразбира дека Австрија како партнер и помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме луѓето по ова невреме да ги оставиме на цедило, порача Курц во соопштението.