Петрит Сарачини му враќа на Насер Селмани: Заборава Насерчо дека го избраа началниците!

0
1416

Само што ме информираше еден новинар, дека во врска со ад-хок медиумското тело, Насер Селмани рекол дека четворица началници – Македонци избираат еден началник – Албанец.

Заборавил Насерчо кој го избра на чело на ЗНМ (гласовите од медиумите на началниците), со кого водеше преговори (со началниците) и ги легитимираше нивните катастрофални медиумски закони. Заборави Насерчо дека не дојде на новинарски протест за погребниот венец што беше оставен на семејството на негов колега – оти не бил поканет. Заборави дека на почетокот не сакаше да ги поддржи протестите за затворениот Кежаровски, за после да го направи потпретседател на ЗНМ… Многу работи заборава Насерчо.

Насерчо, ќе нагласам пак, има политички амбиции, и кога ќе го опфатат, не размислува со рацио, туку со амбиција. Сака да е прв и единствен, и не трпи „конкуренција“, која што ја гледа во секој способен Албанец кој се бави со медиуми.

Насерчо треба да знае дека тоа што е претседател на ЗНМ, чиишто членови се и некои од кандидатите, не му дава за право да етикетира и да плука луѓе без факти, и да гази по новинарскиот кодекс, кој треба да го брани. Оти токму тоа е „началствување“, нели така?

Фејсбук статус на Петрит Сарачини