ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ МУ ГО РАСПЛАКА МАЈЧЕТО НА КОМАРЦИТЕ ДО СЕДМО КОЛЕНО : ВО СРЕДА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ЧЕТВРТАТА ФАЗА НА ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ

0
867

Градот Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.07.2019 година, среда (авионско) и на 04.08.2019 година, недела (терестрично).

Имено, авионската дезинсекција ќе се одвива на 31.07.2019 година (среда) и на 01.08.2019 година (четврток), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција ќе почне на 04.08.2019 година (недела) и ќе заврши најдоцна до 07.08.2019 (среда). Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Со почит,

Град Скопје