Петре Шилегов: Девет години сме жртва на неизживеаноста на ЕДЕН човек!

0
1170

Заради огромна почит и болка за загубените животи на нашите полицајци, одлучив во деновите на жалост ништо да не коментирам. Молкот е веројатно најголемиот другар на тагата.

petre 17

Горчината ќе остане. Веројатно засекогаш. Како и чуството дека ова не требаше да се случи и можеше да се избегне.

Девет години оваа држава и ние, нејзините граѓани сме жртва на неизживеаноста на ЕДЕН човек. Кон нас и кон државата се однесува како дете со пластелин.

А што се однесува до разно-разните аналитичари, коментатори, информатори, ѕидокоментатори и инбокс снагатори, топло ви препорачувам да прочитате што пишувам, а не да слушате и да ви кажуваат што е напишано.

И добро размислите: зошто некој, бегајќи од вистината, одлучи да се сокрие зад тагата?

Оди си Никола. Остави ги граѓаните сами да ја определат својата судбина. Каква и да е, без тебе ќе биде бескрајно подобра.

Фејсбук статус на Петре Шилегов