Петар Богојески од Иницијативата за реформи: Без никакво гласање донесоа „едногласна одлука“ за избор на освежениот ИК на Груевски, а не ИК на ВМРО ДПМНЕ!

0
2161

Петар Богојески од Иницијатавата за реформи тврди дека Охрид бил спасен, од неговите реформисти, но не кажува, кои се губитниците, ниту кои се спасителите.

-Мојот пост беше дека битката за Охрид е добиена, во смисла дека мнозинството членови на партијата ги подржуваат реформите, а општинскиот штаб за реформи е веќе комплетиран и подготвен за настап- вели Богоески во подолго интервју за порталот Охрид 1.

На прашањето, кои се луѓето кои ги поддржуваат во Охрид?, Богојески одговара : Сите тие се членови и активисти на ВМРО ДПМНЕ, подеднакво загрижени како и јас, за иднината на нашата партија. Носители на активностите на партијата како во Охрид, така и во цела Македонија.

Богојески, не сака да разговара за конкретни имиња:

– Нормално е дека остануваме затворени со цел нивна заштита од невидениот терор кој се врши врз секој член кој е дел од нашата иницијатива. Пример беа настаните од пред неколку денови во ОК Охрид. Неколку наши активисти, присутни на настанот, посочија суштински проблеми за продолжување на активностите на локално ниво, со цел да обезбедиме победа и на овие избори. Сомнежот, колку од тоа ќе биде прифатено, останува – вели Богоески.

На прашањето, дали нивните луѓе го кажале својот став на состанокот во ОК Охрид, со тоа што се испотепале, Богојески одговара:

-Нашите активисти се чесни вмровци, луѓе на кои насилството им е слаба страна. Насилството нема боја или партија, затоа го осудуваме и се надеваме да остане изолиран инцидент, минато во нашата партија.

На забелешката дека работаат, како во 1920 – од времето на црните вмровски тројки
Богојески,одговара:

-Да, неколку пати коментираме, дека дејствуваме на база на традиционалната тактика на Организацијата, во форма на келии по сите општини. На тој начин, луѓето без добра намера, не можат да ја разоткријат мрежата и активистите на Републичкиот штаб за реформи на ВМРО ДПМНЕ. Со тоа се остава простор на здравите келии – тимови да се развиваат и да се омасовуваат.

Запрашан за тоа каков е неговиот статус како член на ВМРО ДПМНЕ, Богојески вели:

-Да, јас сум член на ВМРО ДПМНЕ од 1995 година до денес, континуирано без прекини и без промена на дресот. Останувам на таа линија, секогаш во и за ВМРО ДПМНЕ. Не постои легитимен припадник што може да костатира мое напустање на партијата, во чив раст и развој ја поклонив младоста.

На конкретното прашање -дли побарале советникот Дејан Паноски да им се придружи, откако ги напушти сите функции вопартијата Богојески со одговор:

-Ние го повикавме цело членство да ни се приклучи, вклучуваќи го и Дејан и Пецаков и било кој од ВМРО. Дејан ми е добар пријател, неговата одлука да го напушти ВМРО ДПМНЕ можеби е испровоцирана од состојбите во партијата, но Ве уверувам дека после реформите многу „дејановци“ ќе се мотивираат да се приклучат повторно во активностите на ВМРО ДПМНЕ и ќе се вградат себеси во новата победа на следните парламентарни избори.

На забелешките дека ВМРО ДПМНЕ го критикуваат на начин како што тоа го прави СДСМ, Богојески трвди дека пооригинални во своите заложби и во своето дејствување од нив, во моментов, нема на политичката сцена.

-Нашата оригиналност сме ја покажале во раните деведесетти години, кога сме се приклучиле во ВМРО ДПМНЕ да го победиме самоволието и диктатурата на СДСМ. Во таа насока, мислам дека во овој момент единствено што му одговара на СДСМ е тоа да остане Никола Груевски на чело на ВМРО ДПМНЕ – тврди Богоески.

Од друга страна, додава, За СДСМ има што да се каже во насока на критика, не само за минатото, туку и за новата Влада.

-Да оставиме да поминат првите 100 дена. Да ја запазиме политичката коректност. Но, после тоа ќе покажеме на јавноста што е конструктивна критика, кредибилна и агрументирана.

Богојески тврди дека процесот за реформа во ВМРО ДПМНЕ нема да се одрази негативно на самата партија на локалните избори Напротив, до сега направи низа корекции во односот на Груевски кон сопствените членови. Дополнително ќе ја корегираме неговата активност пред овие избори, со тоа дирекно ќе помогнеме кон поголем успех на истите.

Навредливо е еден човек секогаш да се промовира како заслужен за сите победи, тоа е Никола Груевски, а сите други да бидеме виновни за поразите. Едноставно, Груевски ја изгуби власта на зелена маса, ние активистите на партијата ги добивме изборите. Никола мора да понесе одговорност за истото. Тој е човекот кој им даде аргументи на СДСМ за напад врз ВМРО ДПМНЕ. Едноставно, тој е мотивот за 150.000 граѓани за излезат на гласање и да гласаат за СДСМ. Целта на реформите на ВМРО ДПМНЕ, да ги зголемиме шансите за победа на ВМРО, а да ги намалиме шансите на СДСМ.

За јавната поддршка што ја добија од Емил Димитриев, поранешен премиер и генерален секретар, Богоески ги опишува Димитриев како совесен човек и одговорен политичар.

-Нему му е јасна состојбата во која се наоѓа ВМРО ДПМНЕ во овој момент. Оттука, очекувам не само од него, туку и од десетици други истакнати активисти на партијата да се соочат со фактите и да понудат решенија – вели Богоески.

Богоевски открива дека ВМРО ДПМНЕ ќе ја има нашата подршката за локалните избори, затоашто еден човек и пет шест лица околу него, не се ВМРО ДПМНЕ, и истите ја изгубиле подршката и довербата.

За извршени промени во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богојески тврди дека процесот на “избор” на новиот ИК беше целосно нелегитимен, а самиот Груевски, под сомнеж дека членовите на ЦК кои доаѓаат како претставници на ОК се припадници на Иницијативата за реформи, истакна дека се нелегитимни и одби да ги повика на состанок на ЦК.

-Се плашеше од бунт во највисокиот орган на партијата помеѓу два конгреси. На тој начин, во присуство на помалку од половина на членовите на ЦК, без никакво гласање, беше “донесена едногласна одлука” за избор на освежениот ИК на Груевски, а не ИК на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е крајно несериозно за партија како нашата. Освежувањето не успеа. Ред е да се отвори простор за суштинските реформи – вели Богоески, во интервју за порталот Охрид 1.