Петар Атанасов: Полицајците од ЕБР не беа командувани од МВР, туку од некој „зимски дворец“!

0
1910

Го читам Павле Богоевски во денешен Слободен печат и ми се враќаат сликите од понеделникот. Кога на „шаховската табла“ пред Министерството за финансии беа „заробени“ 250-300 демонстранти а на истата „табла“ беа солидно распоредени околу 100 полицајци, околу 150-200 специјалци од ЕБР… и уште неколку стотина специјалци скриени во гаражата пред Министерството за финансии и неколку возила од РАЗЛИЧЕН ТИП.

Поради нивното мнозинство Пајо е проклето во право кога вели дека полицијата (м.з. ЕБР) му е „последната линија на одбрана на малиот фирер…“. На Никола Груевски и „лавовите“ им се потрошија картите… нивната политичка специфична тежина е НУЛА… остана само голата физичка одбрана на “зимскиот дворец“…

Сепак… има разлика. На платото пред МФ тоа убаво можеше да се забележи „во живо“. Додека полицајците беа уредно распоредени и мирољубиво посматраа што се случуваше, во исто време припадниците на ЕБР беа нервозни, постојано се движеа, се прераспоредуваа и со метален поглед ги следеа случувањата. Тоа не беа специјалци против терористи… туку специјалци против голорак гладен за правда народ…. меѓу демонстрантите доминираа млади и жени… имаше и од граѓанскиот сектор и од опозицијата… ама Желбата за правда и слобода е појака од секоја СИЛА…

Додека полицaјците пропуштаа и дозволуваа влез и излез на оние што навистина не можеа да го издржат пеколот од високата температура и возбудата… оние од ЕБР не пуштаа пиле да пролета. А и маваа… секого што ќе им се доближи… под колена, над појас…

Полицајците на крајот „помогнаа“ да се тргнат металните шипки за демонстрантите да си одат…. оние од ЕБР трчаа и се разместуваа и сакаа на демонстрантите да им го попречат патот. Што правеа? Сакаа да ги заробат ли? Го спречуваа движењето на граѓаните, уставното право на слободно движење…

И она најважното…. убаво се виде дека двата типа на луѓе во униформа БЕА КОМАНДУВАНИ ОД РАЗЛИЧНИ ЦЕНТРИ…. полицијаците од некоја командна структура од МВР…. ама… АМА… оние од ЕБР беа командувани од некој „ЗИМСКИ ДВОРЕЦ“… драги мои…

Такви аматерски команди може да даваат само луѓе кои не се разбираат од тоа… но и се заслепени од власта и моќта и мислат дека се семоќни… ама во тие движења на припадниците на ЕБР се виде и слабоста и немоќта и стравот на власта… од сопствениот народ…

Ако има некој од мајка роден таму меѓу нив… послушајте го ПАЈО… намалете си ги казните… затоа што тоа што го правите се КРИВИЧНИ ДЕЛА… спуштете ги ПРОКЛЕТИТЕ ШТИТОВИ… таму зад вас… таму се злосторниците…

Петар Атанасов – Фејсбук статус