Перо Бургија, поранешниот амбасадор на Македонија во Австралија, доби 3,5 години затворска казна

0
1516

Поранешниот амбасадор на Македонија во Австралија и поранешен министер за образование, Перо Стојановски е осуден на казна затвор од 3, 5 години за злоупотреба на службената положба и овластувања, и проневера на пари.

Кривичната пријава е поднесена од страна на МНР. Стојановски беше во фокусот на Јавноста по неговите љубовни и финансиски скандали во Австралија по што беше повлечен од амбасадорската функција заради наводни здравствени причини.

За насилните влегувања во неговиот дом и долговите отворено во јавноста проговори Лидија Думбалоска која беше обвинета од Стојановски за кражба на документи.

Стојановски ја изгуби правната битка во Австралија а заради нарушување на угледот на Македонија тој подоцна беше разрешен од функцијата.