ПЕРВЕРЗИЈАТА СО ФАНТОМСКИТЕ ГЛАСАЧИ НЕМА КРАЈ : Сега фантомски гласачи и на адресата на Бугарската амбасада

0
1239

Од ден на ден расте бројот на непостоечки гласачи на избирачкиот список. Уште едно конзулатно претставништво со впишани гласачи. На адресата на Бугарската амбасада со седиште во Скопје која се води на улица „Златко Шнајдер“ бр.3 се јавува како гласач лицето Дескова Јорданка, пренесува 24Вести.

По проверка на  гледач кој се јави во 24 вести исто така евидентирани гласачи има и во Гостивар на улица „Ленинградска“ бр.16. Иако куќата која не постои, односно веќе неколку години е урната на адресата  регистрирани се четворица гласачи .
И од опозициската СДСМ доставија до јавноста пример на еден од оние адреси со рекорден број запишани гласачи. Како што наведуваат на една адреса во Скопје се запишани 35 лица. На друга пак 15 лица кои што гласаат на две различни избирачки места.  На улицата „Димитар Туриманџоски“ во скопската општина Аеродром запишани се дури 35 лица. Додека на адреса „Аминта Трети“ број.16 А влез 1 стан 13 А. кој се наоѓа во општина Центар има евидентирано 15 лица.
Вакви нерегуларности и деновиве беа забележани. Така на пример на адресата на амбасадата на САД во Македонија беше пронајдено евидентирано лице под име Мирко Антовски . Покрај овој случај, регистрирани се  и четворица гласачи на адресата на претседателот Ѓорге Иванов, петнаесет на адресата на пратеникот Павле Саздов, тројца со различно презиме на адресата на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, 14 на адресата на Агенцијата за јавни набавки.
Партиите до сега неколку пати алармираа ДИК и надлежните институции вклучувајќи го и МВР сериозно да поработат на проблематиката.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пак порача дека тоа е резултат на досегашните изборни нерегуларности, додека од ДИК во својот последен допис исто така соопштија дека дококлу  при увидот граѓаните утврдат дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список, имаат право согласно Изборниот законик да поднесат барање со кое треба да приложат соодветна документација. Во таа насока на граѓаните им се овозможува  до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и преку апликацијата објавена на веб страната на Државната изборна комисија да пријават сомнителни податоци во Избирачкиот список, кои по службена должност ќе бидат проверени во службените евиденции на надлежните институции
 извор: 24Вести