ПЕП 21 се приклучува на денешниот протест пред Уставниот суд

0
944

ПЕП 21 се приклучува во борбата против неуставната одлука на Уставниот суд дополнително да овозможи нови криминални, незаконски и нелегитимни избори во полза на ДПМНЕ, велат од партијата.

Затоа ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ 21 (ПЕП 21) ќе се приклучи на денешните протести пред Уставниот суд поради срамната одлука на дел од Уставните судии со која сакааат да ја спасат од одговорност ДПМНЕ и нејзините високи функционери ,кои со криминални делувања години наназад спроведуваа криминални избори и се стекнаа со нелигитимни мандати.

ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ 21 (ПЕП 21) смета дека е срамно и неуставно Уставниот суд да донесува одлука со која Претседателот ќе амнестира лица гонети за изборни криминали.

ПЕП 21 очекува ДПМНЕ и нејзиното раководство да одговара меѓу другото и за изборен криминал, а воедно на ДПМНЕ да му биде забрането да учествува на избори во следни изборни процеси.

ПЕП 21 се залага за слободни, фер и демократски избори од кои по слободно изразена воља на граѓаните ќе произлезат легитимни мандати.