Пекабеско донираше 1.440 литри млеко и 960 килограми конзервирана храна за настраданите од поплавите

0
913

Компанијата Пекабеско се приклучи на огромниот број хумани граѓани, компании и организации кои несебично донираат за настраданите во поплавите кои го зафатија Скопје.

indexЗа таа цел, Пекабеско обезбеди 1.440 литри млеко, како и 960 килограми конзервирана храна и со тоа се вклучи во хуманата акција на Црвениот Крст на Република Македонија за помош на лицата погодени од поплавите.

Покрај ова, компанијата упати апел до своите вработени и деловни партнери да се вклучат и да ја поддржат оваа хумана акција преку донирање на храна, облека или финансиски средства преку отворените телефонски линии и жиро сметки.

„Обврска на секој човек или правно лице е во прв план да ја стави хуманоста и солидарноста, особено во вакви тешки моменти со кои се соочуваат нашите сограѓани. Никому повеќе да не се случи. Никогаш повеќе да не се повтори!“, изјавија од Пекабеско.