Педро го извиси Манчестер Јунајтед, го одбра Челзи

0
1021

Фудбалерот на Барселона Педро се наоѓа пред трансфер во Челзи, тој во текот на денот треба да ги мине медицинските тестови по што ќе го парафира договорот со англискиот првак, тврди весникот Marcа.

Pedro-002

Педро се договорил со Челзи околу трансферот кој ќе  изнесува околу 30 милиони евра. Барселона му дозволила на крилниот напаѓач да отпатува во Лондон, што значи дека трансферот е завршена работа.

Претходно, како наголем фаворит за потписот на Педро фигурираше Манчестер Јунајтед, но менаџерот на Јунајтед понудил помалку пари од Челзи, односно околу 25 милиони евра.

Педро ги има поминато сите младински категории на Барселона, а дебито за првиот тим го имаше во 2008 година. За Барселона тој има одиграно 318 натпревари, на кои постигнал 98 голови.

Со каталонскиот гигант пет пати бил шпански, а трипати европски шампион, а има освоено и четири титули во Суперкупот, три во Купот на Кралот и три на Светското првенство за клубови.

Со фудбалската репрезентација на Шпанија има светска и европска титула, а на 51 натпревар постигнал 16 голови.