ПДП бара амнестија за осудените во „Сопот“ и „Монструм“

0
945

ПДП бара од политичките партии што преговараа во разрешување на политичката криза во земјава да поддржат амнестија за осудените во „Сопот “ и во „ Монструм“.

Како аргументи за ваквото барање партијата се повикува на изјавите на „високи македонски функционери и функционери на НАТО за невиноста на осудените лица во случајот „СОПОТ“.

ПДП ја охрабрува Катица Јанева што побрзо да ги процесуира сознанијата за  случајот „Монструм„, за како што вели, да одговараат пред законот лицата кои евентуално ги злоупотребиле нивните функции во овие случаи.