ПА ПА ПА , ЕДЕН КУП СЕКТАШИ ОД СОРОС ВО ВРВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ : Ѓорге Иванов, Илија Димовски, Паско Кузман, Анотнио Милошоски, Тони Михајловски, Ратко Димитровски, Јован Донев И МНОГУ ДРУГИ цицале странски пари

0
2278

Потсмев, неверување и шеговити клипови предизвика делот од интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за „Телеграф“, во кое тој најдиректно откри од каде потекнуваат налозите за хајки и етикетирање на невладините организации, меѓу кои и на соросовата Фондација Отворено општество ‒ Македонија (ФООМ).

Груевски изјави дека во ФООМ тренинзите најчесто ги вршеле највидните лица на организациите на Сорос, а од она што го слушал, често пати имало крајно секташко однесување и предавања. Запрашан што мисли под терминот „секташки“, тој објасни: „Еве еден пример што ми го раскажа еден од учесниците, мислам некаде во 2009 година од предавањата. Говорејќи им против политиките на Владата, побарале секој од присутните да се качи на маса и да скокне и да ја гази програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тотално лудо! Или барање во хор сите слушатели на предавањата да повторуваат: Оваа Влада не чини!!! И повеќе слични работи, кои човек го шокираат кога ги слуша!“, пишува Дојче Веле.

Молчеле заради пари!?

Но, тоа не е се. Груевски објасни дека голем дел од нив не подлегнале на индоктринацијата, но слушале и молчеле затоа што им требале пари.

„Некои од тие слушатели ми рекоа дека оделе на предавањата само заради парите, кои во тој момент им биле многу потребни, но се гаделе од она што го слушале и го гледале“, објасни Груевски.

Со ваквата изјава, тој како „секташи“ и „одработувачи за пари“ директно ги оквалификува и неговите најблиски партиски соработници, со оглед дека подолг период партиципирале во активностите на Фондацијата. Според податоците од ФООМ, актуелниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов бил член на Управниот одбор на соросовата фондација од мај 2002 до октомври 2004 година. Член на УО бил и Паско Кузман. Актуелниот македонски амбасадор во Лондон, Јован Донев, пак бил претседател на УО од 1996 до 2002 година, а потоа и извршен директор на Институтот Евробалкан, каде еден од основачите била и соросовата Фондација. Како што наведуваат од ФООМ, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, бил член на пододборот за доделување грантови за младински програми, а корисници на еднократни стипендии за студиски престој во странство биле актерот и член на ГДОМ, Тони Михаловски и Антонио Милошоски. Корисник на најголемиот грант што е доделен откако постои ФООМ, е печатницата „Европа 92“, чиј сопственик Ратко Димитровски беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и е нејзин градоначалник на Кочани во втор мандат. ФООМ платила 80.000 долари само за бродското осигурување на транспортот на печатарската опрема, вредна над еден милион американски долари, од САД до пристаништето во Варна. Дојче веле го праша Ратко Димитровски, дали се чувствува како „секташ“, со оглед дека го добил најголемиот грант во историјата на соросовата Фондација, од нејзиното основање во 1992 година до денес?

„Апсолутно не се чувствувам како ‘секташ’. Ниту пак од Фондацијата можеле како било да влијаат на мене. Практично, јас со ФООМ и немам комуникација веќе 20 години“, вели Димитровски.

Конвертитството во ДПМНЕ

Малкумина денес, а најмалку Груевски, се подготвени да признаат дека со репарираната машина за печатење дадена на Европа 92“ беше надминат монополот на НИП „Нова Македонија“ во печатењето весници. Услугите и поволностите на „Европа 92“ ги користеа „Дневник“, „Фокус“ „Денес“, „Македонија денес“ и многу други весници. Но, пред нивното појавување, Соросовата фондација го спаси од клиничка смрт и НИП-от со донација од 50 тони рото-хартија во вредност од 60.255 УСД. Тоа беше еден од првите грантови за медиуми што ги дала Фондацијата, за да не биде Македонија единствената од бившите ју-републики која на почетокот од транзицијата можеше да останеше без печатени медиуми. Целта на ФООМ да обезбеди плурализам плурализам на пазарот, плурализам во медиумите и во општеството, е остварена, но заслугата не и е призната. Нејзиниот претходен директор Владимир Милчин, потсетува дека актуелната офанзива на власта за дискредитирање на т.н. соросоиди, не е прва.

Целиот текст ОВДЕ