ПА КАКО БРЕ ЗОРАНЕ НЕ ТИ Е СРАМ?! Те слушнавме на снимките што мислиш и што правиш, што имаш ти да им понудиш на младите во Македонија и во Европа?!?!

0
1061

stavre

Зоран Ставревски се појави на конференцијата во Скопје на УМС на ВМРО ДПМНЕ која е организирана заедно со младината на европските народни партии. На конференцијата Зоран одржал говор со кој им укажал на младите како да бидат силни лидери?!?!

Од снимките она што имавме прилика да слушнеме од него е дека се одмаздувал на свој млад асистент само затоа што решил да му даде отказ, па фаќал врски преку министерката за полиција како да му го загорчи животот, слушнавме и како му дава совети на градоначалникот на Прилеп да гази на врат и да врши политички прогон на опозициски бизнисмени во Прилеп, а слушнавме и како под лажно име купува станови, како крие узурпации во трезорот на министерството, како признава дека земјава се движи кон банкрот…

Тоа ли треба да научат од него младите во ВМРО ДПМНЕ и младите од европските народни партии?!?!