ПА КАКВА ХУНТА Е ОВАА?! НАМЕСТО ДА СЕ ЛУКСУЗИРААТ ВО АВСТРАЛИЈА СО ОПШТИНСКИ ПАРИ, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ И ВРАБОТЕНИТЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ДОНЕСОА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА И ВРАТЕНИ 80 МИЛИОНИ НАСЛЕДЕНИ ДОЛГОВИ!

0
1399

Прилепските советници на денешната 16 седница, го усвоија ребалансот на
буџетот, што го предложи градоначалникот Илија Јованоски. При тоа, со
ребалансот се предвидени повеќе средства за изградба и уредување на улиците и
патиштата, но и за повеќе други проекти кои се дел од Програмата на градоначалникот.

Во своето образложение поради што предлага измени и дополнување на буџетот
за годинава, градоначалникот рече дека извршувањето на приходите на
Основниот буџет на Општина Прилеп, заклучно со 30 јуни годинава изнесува
306,27 милиони денари. Тоа е 72 отсто од планираните 427,4 милиони денари.

Според него, постојат три причини за да се извршат измени и дополнувања на
буџетот на Општина Прилеп за 2018 година. Прво, тоа се остварените движења
во реализацијата на поделените приходи за периодот од почеток, па до крајот на
мај годинава,во однос на проекциите во буџетот и нивно усогласување со
реалните можности до крајот на годината. Второ, поради потребата од
редефинирање на буџетските приоритети во консолидираниот биланс на расходи
и обезбедување услови за оптимално функционирање на локалната самоуправа,
единките корисници на буџетот и јавните претпријатија. И трето,приходувањето на
добиените донации во текот на буџетската 2018 година, во износ од 15,7 милиони
денари.

Со предложените измени и дополнувања, билансот на расходи изнесува 122
милиони денари. Од нив 56,3 милиони денари се наменети за реализација на
капитални проекти. Поточно за: изградба и реконструкција на улици и локални
патишта, за изработка на проектна документација за народниот театар „Војдан
Чернодрински“, за спортската сала „Македонија“,за гасификација на Општина
Прилеп, за реконструкција на детска градинка во кругот на Тутунски Комбинат, за
изградба на системи за пречистување и одведување на отпадни води и слично. Со
предложените измени,околу 3 милиони денари се наменети за санација на
санитарните јазли во средните училишта.

„Денеска Советот на Општина Прилеп ја одржа редовната 16-та седница, на која
се донесе ребалансот на буџетот за 2018 година, кој се темелеше на потребата од
издвојување повеќе средства за подобрување на инфраструктурата во градот, на
работата на јавните претпријатија, како и подобрување на условите во средните
училишта. Со ребалансот, Советот предвиде средства за изготвување проектна
документација за изградба на детска градинка во Прилеп, на барање на граѓаните
донесовме одлука за легализација на повеќе бесправно изградени објекти, а го
усвоивме и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ‘Пазари’.
Сакам да искажам голема благодарност до градоначалникот Илија Јованоски, кој

освен што го образложи ребалансот на буџетот, одговараше и на сите прашања
кои ги поставија советниците. Досега немало пракса градоначалникот на седница
на Совет јавно да го брани, она што е негова надлежност, а тоа е ребалансот на
буџетот“, изјави Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.
Проектите за кои што се предвидуваат средства и со ребаланс на буџетот се дел
од програмата на градоначалникот Илија Јованоски.