(ВИДЕО) Патување со прва класа во најскапиот авион во светот: Еве што сè можете да добиете за 19.500 евра

0
1514
Кога ќе ја видите снимката од летот во еден од најотмените авиони, и тоа во најдобрата класа, ќе останете без текст.

Режисерот Кејси Нистат го документирал своето патување од Дубаи до Њујорк, и тоа во еден од најотмените авиони кои постојат во светот.01-letanje-prva-klasa-123

Авиокомпанијата „Emirates” му дала на Јутјуб ѕвездата место во првата класа бесплатно, откако тој претходно купил карта за бизнис класа.

Според неговите наводи, ваквото место би го чинело 21.635 долари (околу 19.500 евра). Кога ќе земе место во првата класа, патникот има неограничени можности.

Покрај изобилството на врвна и луксузна храна и пијалок, Кејси во својата посебна кабина имал голем телевизор, добил пижами, познати козметички производи… Како во хотелска соба.

Иако можеби ви делува незамисливо да дадете толку пари за лет во прва класа, кога ќе го видите видеото можеби ќе го промените вашето мислење.

Повеќечасовниот пат од Дубаи за Њујорк поминал без проблеми.

Извор : Точка