ПАРАВОЈСКАТА НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ СИНОЌА ВО СОБРАНИЕ КРВНИЧКИ ПРЕТЕПА НОВИНАР НА МЕТА

0
1697

Новинарот Димитар Тануров од новиската агенција Мета е еден од нападнатите новинари кој бил претепан од гневните демонстранти. Тој заврши со потрес на мозок и скршен нос, а по укажаната лекарска помош во болница е пуштен на домашно лекување.

– Нападнат додека фотографирав како тепаат. Ме нападнаа кога дознаа дека работам за Мета новинска агенција. Ме легнаа и со тупаници и клоци ме тепаа. Ми го земаа и телефонот – напиша Тануров на својот фејсбук профил.