ПАПААА, КАКОВ ТОТАЛЕН ТРИУМФ НА СДСМ: За неколку дена Заев ќе се сретне со Трамп, ќе се обрати во Обединети Нации, ќе претседава со ООН заедно со Емануел Макрон!!

0
5770

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија која ќе присуствува на 72. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк од 17 до 23 септември.

Во составот на делегацијата на Република Македонија, покрај премиерот Заев, ќе бидат и министерот за надворешни работи Никола Димитров, и министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува на свеченото отворање на работата на Генералното Собрание и ќе настапи со свое излагање на тематската конференција „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон. Премиерот Заев ќе учествува во работата и на повеќе други тематски панели за време на овој светски собир на претседатели на држави и шефови на влади.

За време на Генералното Собрание на ОН, Заев ќе има работен ручек со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повеќе други билатерални средби, меѓу кои и со Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка, Малта, како и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во рамките на посетата на Њујорк, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе оствари средби и со претставници на дијаспората на Република Македонија во Соединетите американски држави, како и со бизнисмени од САД.