Паника поради елитна проститутка: Работела како ескорт дама, а сега пишува автобиографија

0
1839
„Три години им продавав љубов на постари богаташи и еден ми остави торба со 50.000 долари во готово.“

Поранешна ескорт дама која мажите некогаш ја опсипувале со пари и ја шетале по светот, ги преточила своите искуства во серијал книги. Лантана Блу од Њујорк, која не сака да го открие своето вистинско име, некогаш водела луксузен начин на живот кој го финансирале богати мажи.

03-lantana-52

Но, сега кога се „пензионирала“, таа се свртела кон пишувањето. Трилогијата која планира да ја објави ќе биде делумно автобиографска, а делумно фикција. Лантана, која сега е во доцните триесетти, вели дека мисли оти таа професија и` била судена: „Светот на ескортот секогаш ме фасцинираше. Тоа беше како повик.“

Лантана за време на студиите работела во канцеларија, но вели дека ја мразела работата. После тоа, кратко работела како танчерка и потоа одлучила да направи пресврт во кариерата.

02-lantana-4312

„Го следев инстинктот и станав „девојка на повик“ во Њујорк“, открила Лантана. На почетокот работела во луксузен бордел кај една, како што вели “многу мила жена“ која ја научила на многу работи. Откако борделот бил затворен, Лантана изнајмила стан, ги огласила своите услуги во локалните весници и започнала кариера на елитна проститутка.

„На почетокот бев внимателна и ги проверував клиентите пред да ги пуштам во станот. Им се јавував на работа за да проверам дали навистина се тие за кои се претставуваат, а првата средба секогаш беше на некое јавно место. Ангажирав дури и телохранител“, признава таа. Лантана вели дека никогаш немала непријатни искуства и дека уживала во секој момент од својата кариера.

И додека на некои им е одвратна идејата да спијат со мажи постари од 50 години, некои нејзини клиенти имале дури и 70 години, но таа вели дека тоа не и` пречело: „На себе гледам како на лекар или забавувач. А, тие се многу платени“. Лантана открива и уште нешто интересно: „Убавината и привлечноста не се пресудни. Освен ако сте исклучително грди“, пренесува Daily Mail.

Иако одбива да каже колку клиенти имала и колку ја плаќале, таа се сеќава дека еднаш добила торба во која имало 50.000 долари. Во годините во кои работела како ескорт дама, го прошетала целиот свет, од Барбадос до Кејп Код во Масачусетс. Сепак, Лантана вели дека имало и тешки моменти. „Тоа е осамен живот. Во брак сте со својата работа. Жените кои живеат така ретко емотивно созреваат“.