ПАК ЌЕ ФРЛИМЕ 150.000 ЕВРА ЗА „ЕВРОСОНГ“, МАЛКУ БИЛЕ И ТИЕ, ПА ДАЈ ДА СОБЕРЕМЕ 1 МИЛИОН ЕВРА И ДА ЈА ВИКНЕМЕ ЛЕЈДИ ГАГА ИЛИ ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ: Ќе смислиме нешто ефектно за парите што ги имаме, велат од МРТ

0
1435

Минимум 150.000 евра ќе потроши Македонската радио телевизија (МРТ) за овогодинешниот „Евросонг“ во Израел, дознава „Женски Магазин“.

Во финансискиот план на јавниот сервис за 2019 година, за проектот „Евровизија“ е предвиден буџет од 7 милиони денари (речиси 113.000 евра). Овие пари се само за трошоци – патување, транспорт, хотел и дневници за евровизиската делегација составена од вработени во МРТ, но и за тимот кој ќе ја придружува Тамара Тодевска.

До 11 март, до кога мора да биде позната песната со која ќе се натпреваруваме, од МРТ ќе одлучат колку придружни вокали и евентуално танчари ќе се појават на сцената заедно со нашата претставничка. Надомест од 2,5 милиони денари (над 40.000 евра) националниот сервис ќе мора да уплати за „Програмски права“ од кои скоро 36.000 евра се за учество на „Евросонг“, а 5.000 евра е котизацијата за „Детска Евровизија“.

Кога ќе се додадат трошоците за предевровизиските гостувања за промоција на песната, за рекламни материјали, но и за традиционалната „Македонска вечер“ која некогаш ја имало, некогаш не, целиот пакет чини повеќе од 150.000 евра.