Павле Богоевски: Мислите дека сопругот на Горде нема да е во положба да влијае врз постапките?

0
1503

Денес во Службен Весник на РМ е објавена одлуката на владата (потпишана од тодорOFF), со која сопругот на горде се назначува како Претседател на Инспекцискиот совет на РМ. Советот е надлежен за 28 инспекциски служби.

Настрана очигледниот непотизам и одвратното претворање на власта во фамилијарен бизнис. Тоа што тука сериозно ми пречи е судирот на интереси и влијанието врз работата на СЈО. Имено:

Што ако СЈО има потреба (а има), да соработува со Државниот инспекторат за транспорт – за кинеските провизии од автопатот?

Што ако СЈО има потреба (а има), да соработува со Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам – за #Тендери?

Што ако СЈО има потреба (а има), да соработува со Државен инспекторат за локална самоуправа – за прескапиот автобуски превоз на Талески?

Што ако СЈО има потреба (а има), да соработува со Државен инспекторат за земјоделство?

Со Државен управен инспекторат? Со Државен архив на Република Македонија? Со Дирекција за безбедност на класифицирани информации?
Мислите дека сопругот на Горде нема да е во положба да влијае врз постапките?

Во државите со нормален правен систем, сопругот на едно лице која е обвинета за тешки дела на организиран криминал не смее да се доближи до јавни функции.
Кај нас,тој го контролира работењето на најголемиот дел од инспекциите чија задача е да го откријат или докажат криминалот на жена му.

Фејсбук статус на Павле Богоевски