О НЕЕЕЕЕЕ : Уште едно ДИКТАТОРСКО ГОМНО вооружено до заби со ТЕШКИ НУКЛЕАРКИ со доживотна власт!!!

0
1627

Кинеското Народно собрание денеска донесе одлука со која се укинува ограничувањето на претседателот на два последователни мандати. Со оваа измена се отвора пат претседателот Си Џинпинг да владее три, па и повеќе мандати по 2023 година, кога истекува неговиот втор мандат.

Одредбата во кинескиот Устав за ограничување на претседателот беше воведена 1982 година, како една од реформите на претседателот Денг Шјаопинг, со цел да се избегне

Кина и официјално го одобри укинувањето на ограничениот број мандати на својот лидер, што му овозможува на актуелниот претседател Шји Џјинпинг доживотно да остане на функцијата.

Уставните промени беа усвоени денеска, на годишното заседание на Националното народно собрание. Од вкупно 2.964 делегати, само двајца гласале против.

Кина воведе ограничување на мандатите на само два во 90-ите години, што имаше за цел да се спречи појава на нов лидер од типот на Мао Це Тунг и место да се создава култ на личноста, власта да биде во рацете на колективно водство.

Претседателот Џјинпинг сега добива моќ каква што не е видена во државата со децении и со овие промени, тој ќе има уште послаба политичка конкуренција. Наследникот на Шји, чиј мандат истекуваше во 2023 година, требаше да се најави на Конгресот на Комунистичката партија во октомври.

Иако Конгресот, слично на парламентот во други држави, е најмоќното законодавно тело во Кина, тоа важи само на хартија.