ОЧАЕН ОБИД ЗА СПАС НА РЕЖИМОТ: Грујо дал наредба до регулаторна комисија да се намали цената на струјата, весникот Дневник најави дека за неколку дена ќе се намали цената на електричната енергија, ЕВН најверојатно се согласиле, цената за ова ќе ја платат бизнисмените, ЕЛЕМ и МЕПСО!

0
1028

Режимскиот весник Дневник пред неколку дена излезе со сторија во која се најавува нова цена на електричната енергија, а во текстот стои дека најверојатно нема да се оди со покачување на цената, и за ова веќе било постигнато договор со ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ. Што значи ако се менува цената а нема да има покачување, значи ќе има поевтинување 😀 Логика бе логика!

gruevski9-540x296

Ова е несомнено очаен обид на Груевски во време кога му се намалува рејтингот и е очајна мерка за спас на својата кожа. Се работи за наредба од премиерот до регулаторна комисија каде контролата ја има кадар од ДПМНЕ и сега е очигледно дојдено времето ЕВН да му ја врати услугата на Груевски затоа што тој пред неколку месеци на големо негодување на ЕУ ја сопре либерализацијата според која ЕВН требаше да го изгуби монополот во снабдувањето на електрична енергија на домакинствата и малите бизниси. Засега има само либерализација во секторот снамбдување на големите бизниси и индустријата. Владата тога се правдаше дека го штити народот од поскапување на струјата, што донекаде е точно, но сепак со тоа што ЕВН има монопол во снабдувањето на домаќинствата и малите бизниси и дава можност да ги дере со повисока цена стотиците илјади мали бизниси кои ја плаќаат цената за евтината струја која му се продава на домаќинствата, па македонските бизниси не се конкурентни на оние од регионот и светот, струјата им е голем трошок и тие или стагнираат или пропаѓаат поради популистичките мерки на Груевски на кого му е важно народот да го гласа а не дали економијата е здрава или е банкротирана. Резултатот е слаба економија голема невработеност голема потрошувачка на струја а поради невложувањето во хидроцентали и голем увоз на струја што е пак голе одлив на девизи и притисок врз денарот и опасност од инфалиција, потоа има мала пенетрација на обновливи извори меѓу народот и домаќинствата итн итн…

Сега ситуацијата дополнително ќе се влоши ако има ново поевтинување на струјата. Цената овој пат ќе ја платат МЕПСО и ЕЛЕМ кои ќе мора да ги намалат своите приходи и да трупаат загуби на сметка на намалената цена на струјата. Наместо да инвестираат во нови извори на енергија и нов пренос, ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се осакатат со цел поголем рејтинг на Груевски, што е политички несериозно и државнички тотално дилетантно и неодговорно за иднината на земјата. Ова е очиглено очаен обид на Груевски да му се додвори на народот пред самиот пад од власт кога е фатен во тешки криминали и злоупотреби на институциите, кршења на законите и серија на измами за лична корист и останување на власт. Ова е таа купи-ден-помини политика на Груевски кој сите овие 10 години работи без стратегија туку од денес за утре врз основа на ситуацијата на теренот, без никаков компас кај тера и каде ја води оваа земја. Тој работи според принципот МИЛЕ МИ ТЕКНА, значи се буди на сабајле и му текнуваат нови глупости со цел очајно да остане во фотељата за која болно е врзан како хероински зависник!