ОТКАКО ЈА АБОЛИЦИРАШЕ ЦЕЛАТА ВМРОВСКА МАФИЈА ХОРХЕ ЌЕ ГО ТУЖЕЛ ШИЛЕГОВ?!?!

0
1225

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантира тврдењата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, дека неговиот шура Сашо Тоневски има бизнис релации со фирми од Панама.

„Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се претстави семејството на претседателот Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме политичката партија СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма, која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно, Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд. Фирмата „Делфино травел Балканс“ e основана во 2009 година во Скопје со сметка во ТТК Банка во Скопје и е избришана од Централен регистер во 2015 година, согласно Законот за трговски друштва ч.552-б“ се вели во реакцијата од Кабинетот на Претседателот.

Шилегов обвини дека братот на сопругата на Иванов, Маја Иванова, има бизнис релации со фирмата „Лип Корп Панама Сити“ од Панама.