ОТКАКО СРПСКИТЕ ВМРОВЦИ ГО НАПАДНАА ЛИДЕРОТ НА ОППОЗИЦИЈАТА БОРКО СТЕФАНОВИЌ, СРБИТЕ СЕ ДИГНАА ПРОТИВ ЛУДАКОТ ВУЧИЌ!

0
1352

Протести под мотото „Стоп за крвавите кошули“ се одржаа вчера во Белград, на кои учесниците со протестен марш низ главниот град на Србија, завршија на „Плоштадот на Републиката“ и ја испратија пораката „Почнавме Србијо“, пишуваат српските медиуми.

Протестниот марш помина без инциденти, а на чело на колоната, која ја предводеа лидерите на опозицијата и бројни јавни личности, стоеше транспарент „Стоп за крвавите кошули“. Во протестите учествуваа неколку илјади луѓе, а истите се упатија и пред зградата на јавниот сервис на Србија – РТС, пишува српски Блиц.

Повод за одржување на протестите е нападот на лидерот на Левицата на Србија, Борко Стефановиќ, кој пред нешто повеќе од две недели заедно со Бобан Јовановиќ и Марко Димиќ, активисти на партијата биле нападнати и бил претепан.

Фото: Блиц

На почетокот на протестот се обрати актерот Бранислав Трифуновиќ.

– Драго ми е што ве гледам овде а не на Твитер и на Фејсбук. Важно е да сфатите дека оваа борба не може да се води со палци туку со нозе, раце и грло, рече Трифуновиќ.

Лидерот на Левицата на Србија, Борко Стефановиќ за новинарите изјави на крајот на протестите дека „ова е почеток на крајот“

– Полно ми е срцето кога ќе видам толку луѓе. Србија денеска покажа дека е поширока од некои партии или фронтови, додаде тој.

Меѓу присутните како што пишува Блиц биле повеќето лидери на опозициските партии собрани во Сојузот за Србија – Драган Џилас, Никола Јовановиќ и Мирослав Алексиќ од Народната партија, лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, претседателот на ДС, Зоран Лутовац, претседателот на Движењето за промени, Јанко Веселиновиќ и други.