ОТКАКО МНОГУ СООПШТЕНИЈА ИМ ПРЕМОЛЧИЈА НА СДСМ ОХРИД ИМ ПУКНА ФИЛМОТ ПА ИМ ВРАТИЈА НА ВМРОВЦИТЕ ОХРИДСКИ СО ЖЕСТОКО СООПШТЕНИЕ

0
1841

Почитувани,

Целава измината недела ги премолчуваме соопштенија, изјавите и пресконференциите на новото раководство на опозициската ВМРО ДПМНЕ со надеж дека ќе се отрезнат и дека ќе ја согледаат и прифатат својата примарна обврска. Бидејќи ги преплавија локалните портали со некакви апсурдни изјави, интервјуа и пресови, веруваме дека нема да им биде преголем товар, во следното соопштение, да ни одговорат на неколку прашања кои се од суштински интерес за целата јавност, а и за нивната партија, се разбира.

Најпрво, не интересира ставот на новата гарнитура на ВМРО ДПМНЕ од Охрид во поглед снимките од “Вистината за Македонија”. Ако ставот е дека се сечени, лепени и монтирани, тогаш не постоеше никаква потреба од вашите внатрепартиски “реформи”, можевте едноставно да ја оставите партијата на истата криминална структура која ја разнебити Македонија во изминативе 10 години.

Следно, за сите учесници од злосторничкото здружение на Никола Груевски има по неколку кривични пријави, а самиот Груевски од пред некој ден е и осуден на 2 години затворска казна. Од друга страна вие упорно ги споменувате “успесите” на вашата партија за време владеењето на Никола Груевски, а во неколку наврати и инсистиравте на споредување со актуелната власт.

Почитувани колеги, да не се работи за некакаква заблуда? Апелираме да ги консултирате вашите претпоставени од централата во Скопје, бидејќи ние а и целата јавност, верувавме дека суштината на внатрепартиските кадровски промени е да се исчисти партијата и нејзиното име од срамот што и го нанесоа Груевски и фамилијата.

Ако сами не можевте да сфатите и ако нам не сакате да ни верувате, верувајте им на своите партиски членови  кои денеска јасно ви ја испратија пораката. На протестот за кој со денови повикувавте очигледно не успеавте да ги однесете ни сопствените фамилии. Да не шпекулираме со бројки, Ве охрабруваме сами да доставите фотографија од местото на поаѓање, па граѓаните сами нека оценат.

Почитувани колеги, ваша основна обврска е најпрво да се оградите од криминалите на вашите претходници, а потоа можеме да дискутираме за актуелната власт и локална и централна. Ќе можеме да ги слушнеме вашите критики, ако се конструктивни секако да ги прифатиме. Ќе можеме да дискутираме и полемизираме  на било каоја тема во било кое време. Меѓутоа најпрво морате да ја извршите вашата историска обврска од која зависи иднината на вашата партија, а тоа е, да се оградите и да го осудите сето она што и го направија вашите претходници на оваа држава.

Со почит

Општинска организација на СДСМ Охрид