ОТКАКО Е ОЛИВЕР НЕМА ВЕЌЕ МВРО ВМРО : Двајца полицајци завршија во притвор, земале 50 евра да не напишат казна за сообраќаен прекршок

0
2823

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници во Полициската канцеларија Демир капија. Како што информираат од МВР причината е поткуп при сообраќајна контрола. Полициските службеници се приведени, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

-Пријавените во својство на службени лица, со намера да се стекнат со противправна имотна корист за да не извршат службено дејствие кое согласно законот биле должни да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок, на 11.10.2018 година на автопатот во близина на Демир капија, од државјанин на Република Србија побарале и примиле поткуп од 50 евра. Оштетениот откако ги дал парите, се упатил во Полициската станица Неготино, каде го пријавил случајот, по што веднаш, во содејство со јавен обвинител од ОЈО Велес, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола преземаа мерки и активности за обезбедување докази и документирање на кривично правниот настан, изјави Тони Ангеловски портпарол на МВР.